Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ одби да го носи знамето на Олимпијадата, а причината за одлуката ги воодушеви сите во Србија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одби да го носи знамето на својата земја на Олимпијадата.

Во интервју за „Вечерњи лист“, Божидар Маљковиќ, славниот тренер во кошарка, кој сега е претседател на српскиот олимписки комитет, го откри интересниот потег на Ѓоковиќ, кој одби да го носи знамето на Игрите следната година.

„Му понудивме да го носи нашето знаме на отворањето на Игрите во Токио, на кое тој одговори:„ Претседателе, ајде да израдуваме некој друг. Јас го носев знамето во Лондон. Да му дадеме на некој друг шанса“, рече Маљковиќ.

„Никој нема да биде како него. Покрај тоа што е извонреден спортист, тој е и исклучителен човек“, додаде Маљковиќ.

Олимписките игри во Токио беа официјално одложени за 2021 година поради коронавирусот.