Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ остана без еден од најголемите спонзори

Турбулентен период за најдобриот српски тенисер во историјата, но и до скоро најдобриот во светот. Освен тоа што од синоќа Ѓоковиќ не е на првото место на АТП листата, тој остана и без еден од најголемите спонзори.

Светските медиуми објавија дека компанијата „Пежо“ одлучила да го раскине договорот со српскиот тенисер. Информацијата ја потврдија и од компанијата, иако не ги откриваат причините за ваквиот нивен чекор.

Сепак, светските медиуми шпекулираат дека причината е одбивањето на Ѓоковиќ да се вакцинира, поради што нема да му биде дозволено да учествува на неколку најсилни светски тениски турнири.