Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ откако доби позитвен тест: Жалам што се случи ова!

Преку соопштение Новак Ѓоковиќ се огласи откако тој и неговата сопруга добија позитивен тест на Ковид-19. Тој беше организатор и покровител на турнирот „Адриа Тоур“, каде Григор Димитров учествуваше иако беше заразен, а потоа позитивни тестови добија уште неколку учесници.

„Се што сработивме изминативе месец дена беше со чисто срце и искрени намери. Турнирите беа од хуманитарен карактер со идеја да им се помогне на тенисерите од регионот, да им овозможиме услови за игра, услови за приходи, и на тој начин да им помогнеме во овој тежок период“. Навистина ми е жал што се случи ова. Ги следам препораките на лекарите и се надевам дека бројот на заразени нема да порасне. Се надевам дека никој нема да има здравствени компликации и се ќе помине добро. Јас ќе бидам во самоизолација во следните 14 дена, ќе направам нов тест за 5 дена, соопшти Ѓоковиќ.