Други спортови
Ѓоковиќ по пласманот во полуфинале: Не сакам да бидам арогантен, но јас сум фаворит
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ (2. АТП) со мали проблеми победи против Андреј Рубљев (7. АТП) и се пласираше во полуфиналето на Вимблдон, а како што рече по пласманот меѓу четирите најдобри, важи за фаворит за освојување на овој турнир.
„Па… Не сакам да бидам арогантен, но секако се сметам себеси за фаворит. Судејќи според резултатите што ги имав во кариерата на Вимблдон и претходните четири што ги освоив, а сега стигнав до уште едно полуфинале, тогаш да, се сметам себеси за фаворит“, изјави Ѓоковиќ.