Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ под надзор на полицијата, строги мерки за заштита во Мелбурн

Ситуацијата со вирусот корона се менува од ден на ден во Австралија, поради што сè уште не е познато дали и кога ќе се одржи првиот грен слем во сезоната, Австралија опен.

Како што стојат работите сега, ќе има турнири. Не е познато дали од 25 јануари или 1 февруари, но јасно е дека играчите кои сакаат да учествуваат ќе треба да поминат две недели во карантин пред тоа.

Она што разбрав е дека играчите ќе треба да бидат ставени во карантин од 7 до 21 јануари и дека ќе тренираат под надзор на полицијата. Почетокот на турнирот треба да биде на 25 јануари или 1 февруари, тој допрва треба да биде потврден, како и одлуката за квалификациите и турнирите што му претходат – напиша новинарот Филипс на Твитер.

Титулата во Мелбурн ја брани најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ.