Други спортови
Ѓоковиќ полека но сигурно се враќа на победничката патека
Новак Ѓоковиќ изгледа полека ги заборава случувањата од Австралија на почетокот на годината и се враќа на победничката патека.
Ѓоковиќ денеска во осминафиналето на силниот турнир во Дубаи од серијата АТП 500 го победи 26-от светски рекет Русинот Карен Хачанов со 2:0, резултатот во сетови 6:3, 7:6.
Тенисерот од Србија беше подобар ривал во првиот сет, кој рутински го приведе со 6:3.
Во втората серија голема борба која отиде во тај-брејк кој Ѓоковиќ го доби со 7:2 за конечни 7:6.
За Новак ова е втора победа во Дубаи откако во првото коло го совлада Музети со 2-0, додека во четвртфиналето се очекува победа во дуелот Весели – Баутиста.
На ова да додадеме дека Ѓоковиќ е назначен за прв носител на турнирот во Дубаи.