Други спортови
Ѓоковиќ понудил било каква помош за Украина, открил тенисер кој војува на теренот против Русите (ФОТО)
Најдобриот српски тенисер, а воедно и на светот прв на АТП листата до пред извесно време, Новак Ѓоковиќ понудил било каква помош за Украина. Ова го откри тенисерот Сергеј Страховски на кого Ѓоковиќ му испратил порака. Страховски е мобилизиран во украинската армија и во моментов е на боиште.
View this post on Instagram
-Милев на тебе. Се надевам дека брзо сѐ ќе се смири. Те молам, упати ме на најдобрата адреса за да пратам помош, финансиска или било каква друга“, му напишал Ѓоковиќ на Страховски.
Украинскиот тенисер само му се заблагодарил за поддршката.Украинецот пред неколку дена веќе објави дека добил поддршка од Ѓоковиќ, ама не и од другите две најголеми тениски имиња, Рафаел Надал и Роџер Федерер.