Други спортови
Ѓоковиќ пристигна во Белград, а потоа со својот потег ги разочара фановите и новинарите на аеродромот (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ годинава нема да настапи на Австралија опен откако вчера и официјално беше одлучено дека ќе биде депортиран.
Српскиот тенисер не доби виза за влез во Австралија по драмата која траеше цели десет дена, а властите во оваа земја го добија случајот против Ѓоковиќ на суд и решија да го депортираат.
Ѓоковиќ околу 12 часот слета на аеродромот во Белград, пред кој го чекаа голем број навивачи и новинарски екипи кои очекуваа дека пред нив ќе се појави првиот рекет на светот.
Му скандираа на Новак и се надеваа дека тој барем ќе се појави на прозорецот за да ги поздрави, но тоа на крајот не се случи.
Novak je sleteo u Beograd! pic.twitter.com/J9u3h5SSvr
— Balkan Sports (@BalkanSports) January 17, 2022
Српските медиуми објавија дека Ѓоковиќ прилично тивко го напуштил аеродромот и решил да не остане, а јасно е дека на крајот на краиштата му треба мир и престој со семејството за да се опорави од се што се случи.
Исто така, Новак претходно изјави дека нема да зборува на оваа тема за време на Австралија опен, а дури потоа ќе одржи прес-конференција.
Јасно е дека Ѓоковиќ се држи до тој изговор и се чини дека тоа е главната причина што денеска не сакаше да се појави пред навивачите и новинарските екипи, а сакаше да ги избегне сите можни прашања за тоа што се случува во Австралија.