Други спортови
Ѓоковиќ призна дека бил заразен кога дал интервју за L’Equipe: „Го направив тоа поради две причини“
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ даде одлично интервју за Би-Би-Си во кое зборуваше за неговите случувања во Австралија.
Ѓоковиќ доби забрана за настап на Австралија опен, а на крајот беше депортиран од Мелбурн, иако очекуваше без проблем да има можност да настапи на првиот Грен слем сезонава.
Сепак, по драмата која траеше речиси две недели, Ѓоковиќ на крајот беше депортиран и рече нема да настапи до крајот на Австралија опен.
Новак реши да даде одлично интервју за Би-Би-Си во кое зборуваше за настаните во Мелбурн, но и за тоа што се случувало пред неговото заминување во Австралија.
Во центарот на вниманието беше и неговото интервју за француски „Л’Екип“, а дури подоцна се покажа дека Ѓоковиќ тогаш бил позитивен на коронавирус и не ги известил новинарот и снимателот за тоа.
Српскиот тенисер изјави дека се кае поради тоа, и откри дека има две причини поради кои на крајот решил да не го одложи интервјуто.
“Вистина е. Тогаш бев позитивен и беше страшна грешка во мојата проценка што се согласив да го дадам тоа интервју. Посакувам да се вратам во минатото и да постапувам поинаку. Сепак, го направив тоа од две причини. Прво затоа што го почитувам „Л Екип“ како еден од најдобрите спортски медиуми во светот и второ затоа што го познавам новинарот Франк Рамело многу долго и секогаш сме имале одлични односи“, изјави Ѓоковиќ и додаде.
„Го договоривме тоа интервју и претходно и не сакав да го изневерам. Дали требаше да бидам повнимателен и да го информирам за тоа? Апсолутно. Би сакал да се вратам во времето, но тоа е моја грешка, признавам дека сум виновен и стојам зад тоа. Многу ми е жал за таа тога“.