Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ признал дека лажел: Бил позитивен, а имал интервју, неговиот тим доставил лажна изјава до австралиската влада

Новак Ѓоковиќ призна дека направил „грешка во проценката“ со тоа што продолжил со интервју со француски новинар додека бил позитивен на ковид-19 и призна дека член на неговиот тим доставил лажна изјава до австралиската влада за неговата историја на патување. Но, светскиот тенисер број 1 инсистираше на тоа дека другите извештаи за неговите активности по неговиот позитивен тест за ковид-19 биле „дезинформации“ и биле „многу навредливи“ за неговото семејство.

View this post on Instagram

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)


Ѓоковиќ ги даде коментарите на 12 јануари на Инстаграм, осврнувајќи се врз контроверзите околу неговите напори да остане на Австралија опен. 34-годишниот Ѓоковиќ влезе во Австралија во минатата недела со изземање од вакцинација поради позитивен тест за ковид-19 на 16 декември. Следниот ден, сепак, тој се појави без маска на промоцијата на поштенска марка со неговиот лик и на настан во Белград за млади тенисери.

Во објавата на Ѓоковиќ на Инстаграм не се споменува церемонијата за поштенската марка, но се вели дека тој ги добил позитивните резултати од ПЦР тестот на 17 декември откако присуствувал на младинскиот тениски настан.

Ѓоковиќ на 18 декември рече дека ги откажал сите настани, но одлучил да продолжи со интервјуто за француското издание L’Equipe и фотосесијата. „Се чувствував должен да продолжам и да го спроведам интервјуто за L’Equipe бидејќи не сакав да го изневерам новинарот, но се погрижив да се дистанцирам и да носам маска, освен кога се фотографирав“, рече тој.