Поврзи се со нас

Други спортови

Ѓоковиќ прв финалист на Мастерсот во Рим

Рим, 20 септември 2020 (МИА) – Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ се пласира во финалето на турнирот во Рим. Во полуфиналето, попладнево Србинот го победи Каспер Руд од Норвешка.

Во меч којшто траеше 2 часа и 12 минути, Ѓоковиќ го доби првиот сет со 7:5, а во вториот славеше со 6:3.

Ривал на Ѓоковиќ во утрешното финале ќе биде победникот од дуелот Денис Шаповалов (Канада) – Диего Шварцман (Аргентина).

Наградниот фонд на Мастерсот во италијанската престолнина изнесува 3,4 милиони евра. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама