Други спортови
Ѓоковиќ се нервираше, викаше, на крајот го „скрши“ Шпанецот, но како беше дочекан во Австралија, изненадување (ВИДЕО)
Новак Ѓоковиќ со триумф над Роберто Карбалес Баена го започна своето учество на овогодинешниот Австралија опен.
Натпреварот во Род Лејвер Арената траеше нешто повеќе од два часа и заврши во три сета со резултат 3:0 (6:3, 6:4, 6:0).
Тоа беше прв меч на српскиот тенисер во Мелбурн по две години пауза, откако минатиот јануари беше депортиран од Австралија.
Listen to the noise 🙌
The 9x champion is back!@DjokerNole • #AusOpen • #AO2023 pic.twitter.com/4zVMHeK3sk
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 17, 2023
Познато е дека претходниот турнир го пропушти по драмата што ја преживеа во Мелбурн и присилната депортација, а сите се прашуваа каков ќе биде пречекот за големиот шампион кога излезе на теренот во првото коло против Роберто Карбалес Баена.
Се испостави – публиката сè уште го обожава Ѓоковиќ. Без разлика што австралиските медиуми пред една година се обидоа да го натераат Србинот да се скара со целиот континент, веднаш штом влезе на арената стана јасно дека едвај чекаат да го видат повторно и да уживаат во неговиот тенис.