Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ се повлече, може да биде симнат од тронот?!

Новак Ѓоковиќ нема да игра на мастерсите  во САД оваа пролет,па поради тоа може да падне од првото место на листата на АТП. Ѓоковиќ е прв со 7.160 поени пред Карлос Алкарас (6.780) и Стефанос Циципас (5.805).

Ѓоковиќ одлучи да се повлече од овие турнири, откако владата на САД донесе одлука да му забрани влез во државата поради тоа што не е вакциниран. Па, така тој ќе ги пропушти Индијан велс и Мајами.

Цицпас и Алкарас може да го симнат од тронот, односно првото место на АТП листата, доколку успеат да ги освојат овие турнири, односно ги добијат 12-те мечеви во низа. Сепак, колку ќе успеат во тоа останува да се види.

Сепак, за да се случи тоа, Ѓоковиќ треба да паузира во март и април, односно да не учествува на ниту еден турнир.