Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ сензационално испадна од Монте Карло!

Огромно изненадување беше забележано во осминафиналето на Мастерсот во Монте Карло.

По два часа голема борба, Новак Ѓоковиќ беше сензационално поразен од Даниел Еванс со 2:0 во сетови. Беше 4:6, 5:7.

Натпреварот започна со два брејка на Британецот, но српскиот тенисер возврати со иста мерка и изедначи на 4:4. Во деветтиот гем, Еванс повторно го зема сервисот, за да го потврди својот во следниот и да го земе првиот сет.

На стартот на второто полувреме, Ѓоковиќ го направи првиот вистински брејк, но денес одличниот Еванс не се предаде.

Ова беше прв пораз на Djоковиќ оваа година по десет последователни победи.