Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ сериозно го загрузува на рекордот на Федерер

Без оглед на поразот во полуфиналето на последниот Мастерс, Новак Ѓоковиќ ја зголеми предноста на првата позиција на АТП-листата за 200 бода.

Ѓоковиќ сега има 2.180 поени пред Рафаел Надал, додека финалистот на турнирот во Лондон, Доминик Тим е значително поблизу до Шпанецот и заостанува само 725 поени.

Данил Медведев, кој е четврти со помалку од илјада поени зад Тим, е целосно вклучен во трката за самиот врв.

Српскиот тенисер има 12.030 поени на првата позиција и гледајќи ја трката според бројот на недели на првото место, тој заостанува само девет недели од Роџер Федерер.

Федерер беше прв 310 недели, а бидејќи на АТП-листата ништо нема да се промени до 28 декември, Ѓоковиќ сигурно ќе биде во најдобра позиција 301 недела, а постои можност да го престигне Швајцарецот во март.