Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ со фуриозна игра до третото коло на Вимблдон

Новак Ѓоковиќ одигра фуриозен натпревар во второто коло на Вимблдон.

За неполни два часа игра го совлада 79. тенисер во светот Танаси Кокинакис со рутински 3-0.

Ѓоковиќ не му даде ниту минимална шанса на тенисерот од Австралија.

Првиот сет тенисерот од Србија го доби со 6:1, вториот со 6:4, а третиот со 6:2 за конечни 3:0.

Во третото коло Ѓоковиќ го очекува меч против подобриот од дуелот Табило – Кецмановиќ, што значи дека би можеле да го проследат дуелот на тенисерите од Србија.

Да потсетиме, Ѓоковиќ во првото коло го совлада претставникот на Јужна Кореја Квон со 3:1.