Други спортови
Ѓоковиќ со победа стартуваше во Лондон
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ успешно го почна последниот Мастерс турнир за оваа сезона. Србинот синоќа го совлада Џон Изнер од САД со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.
– Добро сум подготвен физички и ментално, а и распоредот на мечевите на турнирот дава можност да се одмориме меѓу два натпревара, изјави Ѓоковиќ.
На првиот натпревар во А-групата Александер Зверев (Германија) го победи Марин Чилиќ (Хрватска) во два сета на тај-брејк.
Денеска во „О2 Арена“ во Лондон на програмата се мечевите од 2.коло во Б-групата:
Кевин Андерсон – Кеи Нишикори
Роџер Федерер – Доминик Тим.
МИА