Други спортови
Ѓоковиќ со прва реакција, откако САД ја „спушти“ рампата за тие што не се вакцинирале против Ковид 19
Новак Ѓоковиќ ја коментираше одлуката на САД да продолжи да го ограничува пристапот на невакцинирани лица. Американците ја продолжија забраната за влез на оние кои не ја примиле вакцината против Ковид до почетокот на април.
Тоа значи дека Ѓоковиќ нема да може да игра на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами во март.
„Ја видов таа информација, но мислам дека се уште не е официјална, ќе зборувам кога сè ќе биде официјално потврдено. Ако се случи, ако остане одлуката, тогаш тоа е тоа. Вие го знаете мојот став. Се надевам дека ќе можам играм, но ако не можам да одам таму, не можам да сторам ништо“, изјави Ѓоковиќ во Аделаида.
Тој синоќа со многу мака се пласираше во четвртфиналето каде што ќе го чека Канаѓанецот Денис Шаповалов.