Други спортови
Ѓоковиќ: Таа вест ми го скрши срцето
Казната од две и пол години затвор за легендарниот тенисер Борис Бекер изненади многумина.
Се вели дека Бекер избегнал да ги плати долговите и може да биде ослободен откако ќе отслужи половина од казната.
Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ тврди дека веста за казната на Бекер ја примил со неверување.
„Тоа ми се случи. Мислам од негова страна, тој ми е пријател, тој ми беше тренер. Го сметам за близок и многу придонесе за моите успеси“, вели Ѓоковиќ.
Тој нагласува дека не сака да зборува за деталите од пресудата, но дека верува дека успешно ќе го преброди периодот во затвор и ќе живее нормално кога ќе излезе.
„Не знам дали е можно тоа да биде нормално, бидејќи таквите работи менуваат животи“, додаде популарниот Ноле.
Во 2017 година, Бекер прогласи банкрот.
Бекер, меѓу другото, сокрил информации за поседување на неколку вредни имоти во Германија и Лондон. Не ги предаде ниту своите вредни трофеи, освоени во текот на кариерата, за да ги подмири обврските. Ова се трофеите за освојување на Вимблдон, Австралија опен, како и златниот олимписки медал од Барселона. Сепак, Бекер силно тврдеше дека не го прекршил законот.
Судот во Лондон имал поинакво мислење и го прогласил за виновен, па завршил во затвор.