Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ во клинч со судијата: Гледаш ли дека е пијан, исфрли го од мечот, цела ноќ провоцира (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло од Австралија опен. Во еден момент од мечот, тој ја прекина играта и од судијата бараше да биде исфрлен еден навивач, за кој како што рече е пијан и дека цела вечер провоцира. Бараше од судијата да реагира и да го отстрани од мечот. Иако од почетокот судијата Марфи не сакаше да реагира, сепак на крајот го исполни барањето на Ѓоковиќ.


Инаку, на патот до третото коло Ѓоковиќ го совлада Енцо Куако со 3:1 во сетови.