Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ во пензија?!

Сопругата на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, откри дека во 2018-та година тој имал многу тежок период по операцијата на лакотот, нешто што му направи потешкотии при кам-бекот на теренот. На Австралија Опен стигна до четвртфиналето, а потоа на мастерсите во Индијан Велс и Мајами, беше елиминиран во првите натпревари.

-Не собра сите и рече дека заврши. Дури му рече на менаџерот Едоардо да разговара со спонзорите бидејќи сака ситуацијата да биде јасна за сите и дека не знае дали прекинува со тенисот на шест месеци, на една година или засекогаш. Сите плачевме, му рековме дека се уште не е време за такво нешто, вели Јелена.

Но, како што е познато, Новак Ѓоковиќ по одморот со своето семејство, и откако „легнале“ работите, сепак одлучил да ја продолжи кариерата.