Други спортови
Ѓоковиќ во полуфинале во Токио, со нов триумф ќе го симне Федерер од тронот
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Кеи Нишикори со 2:0 (6:2 и 6:0) во четвртфиналето на Олимписките игри во Токио.
Секако дека Ѓоковиќ е прв фаворит за златниот медал, а доколку победи на уште еден меч тогаш ќе го симне Рожер Федерер од тронот по бројот на триумфи на Олимписките игри. Имено, Швајцарецот има 13 победи на Олимписки игри, од денеска исто толку има и Ѓоковиќ, а доколку во полуфиналето победи, тогаш ќе биде број 1.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Зверев, кој го совлада Жером Шарди од Франција со 2:0 во сетови.