Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ во септември ќе се искачи на второто место по број на недели поминати на врвот на АТП ранг листата

Лондон, 25 август 2020 (МИА) – На 17-кратниот освојувач на Грен слем турнирите, Новак Ѓоковиќ му е гарантирано второто место на листата со најдолг стаж на врвот на светската ранг-листа.

Сега Србинот ја поминува 283-тата недела како број 1, а на 21 септември ќе го помине Пит Сампрас, кој беше прв рекет на светот 286 недели.

Ваквиот резултат на Ѓоковиќ му се обезбеди со поразот на Доминик Тим на Мастерсот во Њујорк. Австриецот дефинитивно нема да успее да стане број 1 се до моментот кога Ѓоковиќ ќе го престигне Сампрас.

За потсетување, рекордот му припаѓа на Роџер Федерер, кој беше прв на АТП листата 310 недели.

loading...

Ако Ѓоковиќ остане на лидерското место во континуитет до 8 март 2021 година, тој ќе го надмине и Федерер. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com