Други спортови
Ѓоковиќ во три сета го прескокна Шварцман
Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос откако во три сета го победи Диего Шварцман со 6:1, 6:3, 6:3.
Бранителот на титулата во борбата за пласман во полуфиналето ќе се сретне со Рафаел Надал или Феликс Огер Алиасиме, пренесува SCsport.
Ѓоковиќ доминираше, знаеше во секое време да му се спротивстави на традиционално упорниот ривал на земја, а единствениот кризен момент што го имаше беше само на почетокот од вториот сет кога Шварцман со брејк поведе со 3:0.
Првиот рекет на планетата двапати го одзеде сервисот на Шварцман во првиот сет, додека последниот брејк во шестиот гем беше доволен за да дојде до клучна предност.
Ѓоковиќ до местото меѓу осумте најдобри стигна на вториот грен слем турнир во сезоната, кој во кариерата го освои двапати, без загубен сет.