Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ во возбудлив меч славеше, имаше прекин, а тој порача: Па Бадник е, веројатно требаше да биде прекинат (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ го совлада Денис Шаповалов со 2:0 (6:4 и 6:4) во сетови во возбудлив четвртфинален натпревар во Аделаида. Ноле по натпреварот им се обрати и на српски јазик, кој им посака среќен Бадник откако водителот го праша за прекинот на натпреварот во првиот сет поради огномет надвор од стадионот.

„Веројатно тоа (огномет) беше поради православниот Божиќ. Среќен Бадник на сите што слават“, рече Новак на српски јазик.

Во следниот меч Новак в сабота ќе игра против Данило Медведев.