Connect with us

Други спортови

Ѓоковиќ возврати: Бродовите не тонат заради водата што ги опкружува, туку заради водата што влегува во нив

„Бродовите не тонат заради водата што ги опкружува, туку заради водата што влегува во нив. Не дозволувајте тоа што ве опкружува да влезе и да ве влече на дното“, вака Новак Ѓоковиќ им возврати на сите оние кои последните период го критикуваат поради организацијата на турнирот, откако турнирот во Задар предизвика неколку заразени тенисери и членовите на нивните семејства.

Потсетуваме, тој и неговата сопруга Јелена се заразени со вирусот Ковид-19 и во моментов се наоѓаат во изолација. Освен двајцата, по турнирите во Белград и Задар, се заразија Виктор Троицки и неговата бремена сопруга, Григор Димитров и неговиот тренер, фитнес тренерот на Ѓоковиќ, Борна Чориќ…