Фудбал
Гол во 92. минута за опстанок во лигата, а потоа невидено лудило на теренот
Во саботата се одиграа сите натпревари од 34.коло во германската Бундес лига.
Сезоната во Германија заврши, но во последното коло се водеше голема битка за места кои водат во Европа, а особено за 15. место.
Испаднаа Гројтер Фурт и Арминија Билефелд, но единствено прашање беше кој ќе заврши на 16. место и кој треба да игра плеј-оф за да остане во Бундеслигата.
STUTTGART SCORE A 92ND MINUTE WINNER TO STAY IN THE BUNDESLIGA!!! 😱 pic.twitter.com/MSCfun2LSg
— ESPN FC (@ESPNFC) May 14, 2022
Херта загуби во Дортмунд со 2:1 и таа е таа која на крајот ќе игра бараж со третопласираната екипа од Бундеслига 2, додека Штутгарт избегна такво сценарио со гол во 92. минута.
Ендо постигна гол за големото славје на стадионот во Штутгарт, а подоцна многу навивачи на домашната екипа упаднаа на теренот за да го одбележат овој посебен момент со своите миленици.
‼️‼️ UN-FASS-BAR ‼️‼️
Passiert das gerade wirklich????🤍❤️🤍 FÜR IMMER VfB! 🤍❤️🤍#VfB | #VfBKOE 2:1 pic.twitter.com/ygZAcRx0fn
— VfB Stuttgart (@VfB) May 14, 2022
И Штутгарт и Херта имаа по 33 поени, но тимот на популарните Шваби имаше далеку подобра гол разлика.