Кошарка
Голем број НБА играчи позитивни на корона
НБА лигата тестираше кошаркари за коронавирус, а резултатите што пристигнаа воопшто не се добри.
Од 546 тестирани играчи од 30 екипи, 48 од нив биле позитивни, односно скоро девет проценти.
НБА-екипите полека се подготвуваат за стартот на новата сезона, која започнува на 22 декември. Сепак, многу играчи ќе мора да ги пропуштат претсезонските дуели и сигурно ќе ги има овие проблеми и во текот на сезоната.
И во тој случај, играчот ќе замине во десетдневна изолација. Откако ќе биде тестиран негативно, тој ќе помине бројни здравствени тестови и само тогаш ќе може да се приклучи на тимот.
Во новата сезона ќе се одиграат 72 натпревари или десет помалку од вообичаеното.