Фудбал
Голем пресврт: Чех сепак останува во Арсенал?
Петар Чех оваа сезона најави дека налето ќе се збогува од активното играње фудбал и тоа на своите 37 години.
Сепак, се појави можност да остане во Арсенал, затоа што „Топџиите“ сакаат да го задржат во својата екипа, па му понудиа тренерско место.
Сепак позицијата не е прецизирана, се претпоставува дека станува збор за тренер на голманите, а најголем проблем на Арсенал му прави тоа што и Челзи го сака Чех во својата екипа токму на оваа позиција.
Секако, тој најдлабоки траги остави во Челзи со кој освои четири титули во лигата, четири ФА купа, како и еден трофеј од Лигата на шампионите и еден трофеј во Лигата на Европа.