Други спортови
Голем успех на голем празник, Игор Стефановски растураше во Франција
Македонскиот најдобар автомобилист Игор Стефановски Иџе имаше одличен старт на новата сезона. Во генералниот пласман на ридските трки во Франција заврши на третото место, а победи во првата трка возена на истата патека. За овој шампионат се пријавени дури 190 натпреварувачи а меѓу нив и Иџе како единствен Македонец.
По трката Иџе напиша:
-Голема победа на голем празник, само еден може да биде број 1!