Connect with us

Кошарка

Голема аквизиција за првакот: Гасол се договорил со Лејкерси

Марк Гасол договорил две годишна соработка со актуелните шампиони во НБА лигата, Лос Анџелес Лејкерс. Тој ќе ја продолжи кариерата по стапките на својот постар брат Пау, откако потпиша двегодишен договор со најдобриот во моментов во најсилната лига на светот, тимот на ЛА Лејкерс.

Претходно „езерцата“ за да направат простор во селари капот го испратија центарот Џавал Мекги и иден озбор од драфтот во Кливленд кавалирс во замена за Алфонсо Мекини и Џордан Бел кои имаат помали плати.

Марк Гасол неодамна најави дека сака да го напушти Торонто и дека би сакал да игра во тим кој ќе биде конкурентен во борбата за шампионскиот прстен.

Шпанецот беше избран за најдобар дефанзивец во НБА во 2013 година, а имаше и значаен придонес во ланската шампионска титула на Торонто. Сепак, ланската сезона не беше на посакуваното ниво за Гасол, кој имаше слаб просек од 7,5 поени и 6,3 скокови по натпревар, поради што „рептилите“ решија воопшто да не му понудат нов договор.

Марк Гасол е четвртото засилување на новиот НБА-шампион откако „езерџиите“ ги потпишаа Денис Шродер, Монтрецл Харел и Весли Метјус. Во однос на шампионскиот тим, од редовите на ЛА Лејкерс досега си заминаа Дени Грин, Ејвери Бредли, Рејџон Рондо и МекГи.