Други спортови
Голема награда во Валенсија, возена во два дела, а на крајот славеше Довициозо
Многу интересна трка во Валенсија денес гледаа љубителите на Мото ГП шампионатот, а на крајот победи возачот на Дукати, Андреа Довициозо.
Поради големи проблеми со дождот, трката е возена во два дела и тоа откако првиот дел беше прекинат на барање на возачите по завршетокот на пола трка.
Во тој момент, лидер беше Андреа Довициозо, пред Валентино Роси, додека на трето место беше Алекс Ринс.
Треба да се каже дека во првиот дел на трката завршија и Марк Маркез и Маверик Виналес, а во вториот дел на трката, истата судбина се случи и на девето-кратнот шампион, Роси кој исто така излета од патеката.
На самиот почеток на вториот дел, Роси, Довициозо и Ринс ја продолжија својата борба, а Роси излезе од трката 6 кругови пред крајот на трката. Дови до крајот осигура триумф, а позади него се задржа Ринс, додека трет беше Паул Еспаргаро.
Ова беше, воедно и последна трка за оваа сезона, а новата титула ја освои Марк Маркез додека позади него остана Довициозо, а трет заврши Роси.
Треба да се каже и дека денес од Мото ГП шампионатот се опрости Дани Педроса, кој одлучи да стави крај на кариерата.