Фудбал
Голема победа на Шкупи над Струга
Со резултат од 1:2 екипата на Шкупи издвојува голема победа над Струга избегнувајќи ја зоната за испаѓање.
Гостите го отворија резултатот со голот за 0:1 во 20. минута од натпреварот, а стрелец беше Оумар.
По само десет минути игра, гостите зголемија на 0:2, а овој пат стрелец на голот беше Сержињо од пенал.
Струга преку Лена во 41. минута од натпреварот намали на 1:2, но во 58. минута од натпреварот црвениот картон на Јахја ја остави домашната екипа немоќна да избегне пораз.
Шкупи моментално е на 6. позиција на табелата со 28 освоени бодови, додека Струга е на 8. позиција на табелата со 25 освоени бодови.