Connect with us

Други спортови

Голема трагедија – коњ фатално прегази џокеј

Коњ до смрт го прегази 28-годишниот јапонски џокеј Таики Јанагида за време на трка во Нов Зеланд. Страшната трагедија се случила пред сите гледачи, вклучувајќи ја и мајката и сестрата на Таики.

Во текот на трката Јапонецот падна од коњот и беше претекнат од друг натпреварувач, чиј коњ го прегази.

Јанагида претрпе тешки повреди на мозокот и ‘рбетот кои се покажаа како фатални. Лекарите притрчаа да му помогнат. Кога пристигнале тој веќе бил во несвест, а подоцна ја загубил борбата за живот во болница.