Други спортови
Голема трагедија на релито Дакар, возач на камион удрил маж кој ја фотографирал сопругата, починал на пат кон болница (ВИДEO)
Голема трагедија се случи на деветтата етапа на релито Дакар, камионџијата Алес Лопраис (43) прегази италијански навивач (69), кој почина на пат кон болница. Како што Лопраис вели несреќниот навивач кој бил на патеката да ја слика сопругата, тој не ни забележал.
“Оваа многу вознемирувачка вест ми ја соопштија дури кога се вратив од деветтата етапа. Веќе бев во кревет кога ми ја покажаа снимката од трката каде по грешка удривме маж кој ја фотографира својата сопруга зад дината. Тој беше повреден, чувствувал мачнина и вртоглавица.Во следните два часа на пат кон болница добил срцев удар“, изјавил возачот.
Video from Ales Loprais explaining what has happened during stage 9
Source: facebook Ales Loprais#Dakar #Dakar2023 pic.twitter.com/RN5S89rET2— Rally Raid News (@RallyRaidNews) January 11, 2023
„Поради мене згасна човечки живот, возев. Морам да признаам дека тоа не го забележавме ниту јас, ниту мојот тим, но тоа не го менува фактот дека еден човек го загуби животот. Тој дојде да го види Дакар и за жал беше зад таа дина“, додал Лопраис и упатил најискрено сочувство до семејството, велејќи дека оваа трагедија ќе го следи до крајот на животот. На видеото можете да го погледнете моментот кога се случи инцидентот во 1:40 часот: