Connect with us

Фудбал

Голема трагедија во семејството на треберот на Вардар

Поради смртен случај во семејството на Васоски, „црвено-црните“ ќе бидат денеска без својот стратег, информираат од клубот.

„Нашиот шеф на стручен штаб, Александар Васоски, нема да биде во можност да ја води екипата на денешниот меч со Струга поради смртта на неговиот татко. ФК Вардар изразува длабоко сочуство на Александар Васоски и неговото семејство во овие тешки моменти. Нека почива во мир!“ – се вели во информацијата од ФК Вардар.

Вардар денеска и гостува на Струга ТЛ, на оваа средба клубот од Скопје ќе биде без тренерот Александар Васовски на клупата.