Фудбал
Голема трагедија во семејството: Почина синот на Роналдо
Жалост во семејството на Кристијано Роналдо. Ѕвездата на Манчестер Јунајтед објави дека изгубил едно од децата со кои е бремена неговата сопруга Георгина Родригез.
Парот очекувал близнаци – момчето починало, но девојчето преживеало.
„Со големо жалење мораме да објавиме дека нашето момче почина. Тоа е најголемата болка што еден родител може да ја почувствува. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да живееме во овој момент со малку надеж и среќа. Би сакале да им се заблагодариме на докторите и на медицинските сестри за нивниот професионализам и грижа. Скршени сме од болка по оваа загуба и ве замолуваме за приватност во овие тешки моменти. Наше мало момченце, ти си нашиот ангел. Секогаш ќе те сакаме“, стои во објавата на Роналдо на социјалните мрежи.
— Cristiano Ronaldo (@Cristiano) April 18, 2022
Бринетата и фудбалерот се заедно од 2017 година Тие имаат една заедничка ќерка – Алана Мартина (4 години). Роналдо е татко на уште три деца од сурогат мајки, за кои се грижи неговата сопруга – Кристијано Јуниор (11 години) и близнаците Ева и Матео (4 години).
Родригез отсекогаш велеше дека сака големо семејство. Фудбалерот неколку пати изјави за медиумите. Се очекуваше Кристијано и Џорџина наскоро да се венчаат и официјално, но очигледно чекаа да се родат близнаците.
Тажната вест доаѓа еден ден пред клучното дерби со Ливерпул на „Енфилд“.