Фудбал
Големи комплименти за Ван Дијк
Виргил Ван Дијк скоро редовно добиваше пофалби на своја сметка.
Дефанзивецот на Ливерпул во моментов е еден од најдобрите дефанзици во светот, и поранешен член на Манчестер Сити, Винсент Компани го смета Ван Дијк за најдобар дефанзивец во историјата на Премиер Лигата.
„Би ја зел Златната топка и би му ја дал нему. Тој има големо влијание врз тимот, комуницира со остатокот од тимот и постојано гледа како да му помогне на тимот. Ливерпул пред него и со него не беше ист и затоа би рекол дека тој е најдобриот дефанзивец досега“, рече Компани.
Ван Дијк е најскапиот дефанзивец откако во 2017 година дојде од Саутемптон за 75 милиони фунти, а со „црвените“ ги освои Лигата на шампионите, Европскиот супер куп и Светскиот куп на клубови минатата сезона.
Дали Компани малку претера, пресудете сами.