Фудбал
Големи најави на искусниот играч за врска: „Нашиот клуб ќе биде голем колку ПСЖ и Манчестер Сити“
Англиската Премиер лига во октомври 2021 година потврди дека Њукасл добил нови сопственици.
Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија поседува 80 отсто од клубот, а на чело е принцот Мохамед Бин Салман, а удел имаат Аманда Ставли и браќата Рубен.
Со тоа „Страчките“ преку ноќ станаа најбогатиот клуб во светот. Сезонава прва цел е останување во Премиер лигата, а прв потег на новите сопственици беше смената на тренерот Стив Брус, кој беше заменет со Еди Хау.
Следните чекори беа повлечени во јануарскиот преоден рок. Играчите како Бруно Гимараеш, Крис Вуд, Киеран Трипие, Ден Бурн и Мет Таргет се приклучија на Њукасл и заедно со новиот тренер ја оправдаа довербата.
Њукасл славеше на осум од последните 13 натпревари и благодарение на тоа речиси сигурно ќе остане во англиската елита. Моментално е на 14. место на табелата и 12 бода пред Барнли кој е во зоната за испаѓање.
Новите сопственици немаат намера да мируваат и сакаат постојано да го развиваат клубот. Фудбалерот на Њукасл, Џонџо Шелви, изјави дека имаат многу амбициозни планови.
„Овој клуб ќе биде голем како ПСЖ или Манчестер Сити. Ќе треба долго време, но Њукасл би можел да биде најдобар. Мораме да бидеме трпеливи. Се што сакам е да бидам дел од овој проект“, рече играчот од средниот ред во интервју за Sky Sports.
Шелви исто така топло зборуваше за Еди Хау:
„Никогаш не сум имал тренер како него. Првото нешто што го направи е да ни даде билети. На нив моравме да ги напишеме имињата на нашите сопруги, децата и нивните датуми на раѓање. Тој сака да знае сè за нас. Мило ми е што ми верува и сакам да дадам се од себе за возврат“.
Шелви е важен дел од „Страчките“, за кои сезонава настапи на 24 натпревари, постигна два гола и додаде три асистенции.