Фудбал
Големиот талент ги одби Баерн и Јунајтед поради Борусија
Љубителите на фудбалот се веќе се познати со името Џуд Белингем.
16-годишниот англиски репрезентативец доби шанса оваа сезона во дресот на Бирмингем и игра навистина добро на Чемпионшип. Се разбира, тој привлече многу европски великани преку своите игри и има огромен интерес за него.
Сепак, битката за неговиот потпис очигледно ја доби Борусија Дортмунд. „Билд“ тврди дека младиот играч од средниот ред ги отфрли понудите од Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, и ја донесе одлуката да го носи дресот на тимот на Дортмунд.
Така, Борусија ќе има уште еден многу талентиран фудбалер во својата постава од следната сезона и нема сомнение дека ќе го продадат добро во иднина. Од друга страна, тие ќе издвојат околу 30 милиони евра за неговите услуги
Белингем одигра 32 натпревари оваа сезона и постигна четири гола и три асистенции.