Фудбал
Големо признание за Ибраими: Доби место во дрим-тимот на Марибор
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Агим Ибраими доби големо признание од неговиот поранешен клуб Марибор.
Искусниот офанзвиец бележеше големи успеси носејќи го дресот на Марибор, клуб со кој освои три титули во словенечкиот шампионат и играше во групната фаза во Лигата на шампионите. „Дрим-тимот“ на Марибор е составен од бројни легенди на клубот, меѓу кои и истакнатиот тренер Матјаж Кек.

Ибраими беше дел од словенечкиот тим од 2011 до 2016 година, освои три титули првак, играше и во Лигата на шампионите, и постигна гол против големиот Челзи.
Тој одигра 168 натпревари во тимот на Марибор.