Connect with us

Кошарка

Големо славје на Словенците: Соиграчите го прекинаа пресот на Дончиќ и направија шоу (ВИДЕО)

Словенија за првпат во својата историја избори пласман на Олимписките игри и тоа откако беше најдобра на квалификацискиот турнир во Каунас.

Словенците одиграа фантастично на сите мечеви, зрело, квалитетно со тоа што најдоброто го оставија за крај и го надиграа домаќинот Литванија со 96-85. Човек на натпреварот беше кој друг ако не Лука Дончиќ со трипл-дабл учинок од 31 поен, 11 скокови и 13 асистенции.

Радоста и задоволството кај Дончиќ и неговите сонародници беше огромно, па така тие направија едно шоу на пресот по натпреварот.

-Кој не скока, тој не е Словенец, -ечеше во прес салата.

Facebook