Фудбал
Големото јануарско засилување на Реал Мадрид
Реал Мадрид нема да прави влезни трансфери во текот на јануарскиот прозорец, но тие веќе имаат едно големо зимско засилување, а тоа е… Еден Азар.
31-годишниот Белгиец го импресионираше стручниот штаб по враќањето во Мадрид од Светското првенство во Катар.
Азар не беше предаден на својата судбина и по три и пол неуспешни сезони на Бернабеу реши да ги земе работите во свои раце. Желбата на Белгиецот е да ја врати довербата на Анчелоти и тој е доста блиску до тоа.
Реал Мадрид е исклучително задоволен од неговата работа во текот на тренажниот процес. Азар дури би можел да започне против Ваљадолид на 30 декември.