Кошарка
Големото враќање на Пау Гасол
Пау Гасол, наводно, ќе стане нов играч на Барселона.
Легендарниот 40-годишен кошаркар, според шпанските медиуми, ќе потпише договор со Барселона до крајот на сезоната, а целта на славниот играч е да обезбеди место во шпанската репрезентација за Олимписките игри .
Гасол не игра кошарка од март 2019 година кога последен пат играше во дресот на Милвоки Бакс. Потоа беше тргуван во Портланд, каде не настапи поради повреда.
Пау е двократен НБА шампион со Лос Анџелес Лејкерс, а во својата богата кариера има играно и за Мемфис, Чикаго и Сан Антонио.
Член на Барселона Гасол беше во периодот од 1998 до 2001 година и освои две шампионски титули, а во 2001 година беше и МВП.
Гасол треба да биде претставен како нов член на каталонскиот гигант во среда и ќе видиме што може да направи овој легендарен кошаркар со 40 години на грб.