Connect with us

Фудбал

Голман го молеше Нејмар да му каже на која страна ќе го шутира пеналот (ФОТО)

ПСЖ и Троа ремизираа (2:2) во натпреварот од 36. коло на француската Лига 1. Во сосема неважен натпревар за двата тима беа постигнати четири гола, а еден од пенал го постигна Бразилецот Нејмар во 25-та минута. На пеналот му претходеше интересен разговор помеѓу ѕвездата на ПСЖ и голманот на Троа, Џеси Мулен. Долго разговараа пред пенал рулетот, а Мулен по натпреварот откри што барал од Нејмар.

“Му реков: Знаеш ли дека ќе станам ѕвезда ако ти го бранам пеналот? Кажи ми барем на која страна ќе шутираш. Семејството ме гледа и би сакал да ги направам горди. Тој ми се насмеа и ми кажа јас да ја изберам страната. Останав на средина“, изјави Мулен. Голманот на Троа не успеа да го убеди Нејмар. Прими гол, но неговиот тим остана непоразен. Искусниот 36-годишен чувар на мрежата со години е под договор со Сент Етјен. За овој клуб беше врзан 14 години, но не играше премногу. Тој е член на Троа од 2021 година, а претходно бранеше за Арл, Ст. Рафаел и Клермон.

 

 

Реклама

Facebook