Фудбал
Голманот на Арсенал: Верувам дека можеме да завршиме меѓу најдобрите четири екипи
Арсенал е еден од клубовите во англиската Премиер лига кои се најдоа во голема неволја.
После 18 одиграни натпревари, лондонскиот клуб има само 23 бода и се наоѓа на 11-то место и забележа само една победа на последните десет натпревари.
Фредрик Љунберг неодамна беше поставен како привремено решение на клупата на Арсенал, откако беше отпуштен Унаи Емери, но тој не направи никакви промени, па така овој клуб сега го презеде Микел Артета.
Топџиите со новиот тренер ќе се обидат да завршат меѓу најдобрите четири екипи во вториот дел од првенството, а голманот на овој тим Бернд Лено е убеден дека тоа ќе се случи.
„Секако дека верувам, затоа што мислам дека остануваат многу натпревари“, рече германскиот голман.
„Играме против сите шест најдобри екипи. Имаме многу можности да победиме натпревари против нив. Сеуште веруваме. Тоа е во наши раце“.
„Мора да покажеме менталитет, мора да играме добар фудбал и мислам дека тогаш ќе имаме можности“.
„Кога зборуваме само за тактика или за квалитет или за тоа што беше во минатото, не е важно. Мислам дека единствениот начин е да се работиме напорно и да го вратиме нашиот силен менталитет и тогаш мислам дека можеме да ја постигнеме нашата цел“, додаде Лено.