Connect with us

Фудбал

Голманите од Белгија го воодушевија светот: Лажираа повреди за соиграчите муслимани да го прекинат постот

За време на светиот муслимански месецт Рамазан, многу фудбалери ширум светот се соочуваат со голем предизвик, практикување пост и играње напорни натпревари во исто време, а приказната што се случи минатиот викенд во Белгија е поврзана со ова и го обиколи светот на многу позитивен начин.

Тројцата белгиски голмани планираа и се договорија да  одглумат повреди во исто време, на три различни натпревари, сето тоа за нивните соиграчи муслимани да го прекинат постот, односно да се освежат со вода за време на натпреварите кои бараат сериозни напори.

Натпреварите Гент – Шарлроа, ОХ Левен – Мехелен и Вестерло – Генк беа прекинати околу 20. минута поради „бран повреди“ кај голманите. Но, никој од нив всушност не е повреден. Белгиските голмани Тобе Лејсен и Мартен Вандеворт и Ерве Кофи од Буркина Фасо имаа договор да лажираат повреди и да им дозволат на своите соиграчи муслимани кратка пауза бидејќи тоа не е предвидено во правилата на лигата. Бидејќи натпреварот не може да се игра без голман и мора да се прекине, тие решија да им дадат пример на сите со позитивна приказна. Голманот на Генк Вандеворт по натпреварот откри дека ништо не било случајно. „Го изместив зглобот за момент“, рече Вандеворд со насмевка, а потоа објасни што всушност се случи: „О, не, секако. Тоа беше за момците кои постат за Рамазан. На овој начин можеа брзо да се освежат“.