Connect with us

Фудбал

Голманот на Ајакс потврди дека сака да го напушти клубот: Поминаа добри пет години …

Камерунскиот голман Андре Онана потврди дека сака ова лето да го напушти Ајакс.

Наводно Онана веќе подолго време размислувал за напуштањето на холандскиот клуб, а сега тој потврди дека тоа е негова желба.

„Поминав сјајни пет години тука, но сега сакам да направам исчекор во кариерата. Закажавме состанок, не знам што ќе биде, но мојата желба е јасна“, рече Онана.

Досега, за неговите услуги, наводно, се заинтересирани Барселона, Интер, Севилја и Челзи.

Интересно е што 24-годишниот Камерунец веќе беше член на Барса во помладите категории. Тој се приклучи на Ајакс од каталонскиот тим пред пет години.

На крајот, да потсетиме само дека првенството во Холандија е откажано и дека нема да биде прогласен шампион. Значи, кариерата на Онана во Ајакс претично би можела да заврши веднаш.