Connect with us

Фудбал

Голманот на Интер има повеќе црвени картони отколку настапи

Томазо Берни, трет голман на Интер, веќе шест години е член на „Нероаѕурите“. Она што е интересно е тоа што овој голман минатиот викенд на мечот против Каљари во минатото коло беше на клупата за резервни фудбалери, па поради бурната реакција заработи директен црвен картон.

Сега, Томазо Берни има повеќе црвени картони од настапи во дресот на Интер. Во изминатите шест години има НУЛА настапи во Серие А, а еден црвен картон.