Фудбал
ВИДЕО: Цел свет му се смее на овој голман
Голманот на Крилја Советов, Иван Ломаjев, на гостувањето кај Оренбург во рамките од Втората руска лига, при еден пенал на противникот направи невидена глупост поради која му се смее целиот свет.
Имено, кога противничкиот фудбалер се подготуваше да шутира, тој застана целосно на едната страна од својот гол. Кога противничкиот фудбалер шутираше, Ломаjев се затрча на спротивната страна, а топката влезе токму на местото каде што претходно стоеше тој.
Не се знае што сакаше да постигне со ова, но секако овој голман е тема број еден, се разбира за најсмешни видео инсерти.
— No Context Russian Football (@NCRusFootball) November 30, 2020